Петка за Ристовска, ЦСКА Москва има 31 победа на 31 меч!

Тимот на ЦСКА Москва каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, продолжува со победничката серија во рускиот шампионат.

ЦСКА Москва славеше на гостувањето кај Динамо Волгоград со 31-28, во натпреварот од втората фаза во шампионатот.

Ристовска беше втор стрелец во победничката екипа и успеа да постигне пет гола од шест обиди за 33 минути.

ЦСКА Москва сега има 62 бода, односно 31 победа на 31 натпревар, а до крајот на втората фаза остануваат уште четири меча пред стартот на плеј-офот.