Персон: Лазаров е еден од најдобрите десни бекови на сите времиња

Новиот ракометар на Нант, Линус Персон подели низа комплименти за играта на капитенот и селектор на Македонија, Кирил Лазаров.

Персон, кој доаѓа од Шведска, е исто така десен бек и во новата сезона ќе ја дели минутажата со Лазаров.

„Ќе биде навистина возбудливо да играм со Лазаров на иста позиција во тимот на Нант. Тој е еден од најдобрите десни бекови на сите времиња.  Игра на многу високо ниво веќе со години и мислам дека ќе можам многу да научам“, вели Персон.

Покрај Лазаров и Персон, на позицијата десен бек во новата сезона ќе биде и Милан Милиќ.