Периќ и Граџан и на новиот список, во финална трка за место на ЕП

Селекторот на БиХ, Ивица Обрван ги одреди имињата на ракометарите на кои смета за финалните подготовки за Европското првенство во Унгарија и Словачка. Тој соопшти имиња на 21 ракометар, а тие остануваат во трка за финалниот список на играчи кои ќе се борат за место на првенството.

Двајцаа ракометари на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ и Елмир Граџан остануваат во трка и во комбинација така што ќе се борат до крај за настап на шампионат. Влегоа во финална трка и се очекува да бидат и на првенството бидејќи имаа добра форма.

Ракометарите кои Ивица Обрван ги планира во периодот од 2 до 11 јануари на подготовките се:

ГОЛМАНИ: Бењамин Буриќ (Флензбург), Адмир Ахметашевиќ (Висла Плоцк), Небојша Бојиќ (Целје)

КРИЛА: Ален Овчина (Слобода), Владо Драганиќ (Леотар), Енес Кешкиќ (Лудвигсхафен), Ибрахим Хасељиќ (Горење), Лука Периќ (Борац).

ПИВОТИ: Адин Фаљиќ (ППД Загреб), Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер), Драган Шољиќ (Адемар Леон).

БЕКОВИ: Мирко Херцег (Чурго), Дино Хамидовиќ (Ѓенѓеш), Един Кли (ППД Загреб), Никола Прце (Беса), Мирсад Терзиќ (Висла Плоцк), Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер), Милан Вукшиќ (Извиѓач), Марко Лукиќ (Борац), Иван Карачи (Макаби), Дејан Малиновиќ (Балатонфуреди), Александар Милојевиќ (Леотар).