Периќ: Ви Битола сите живеат за ракомет, направив вистински избор

Средниот бек на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, остави одличен впечаток во првата сезона во Битола.

Босанскиот репрезентативец кој потекнува од Извиѓач, преку Босна, Татабања, Одорхеи, Дунареа и Гепинген, дојде во Битола, е презадоволен од поминатиот период досега во Македонија.

„Доаѓањето во Битола беше вистински чекор напред во мојата кариера. Воодушевен сум од градот, клубот и луѓето околу него. Во Битола луѓето тука живеат за ракометот. Оваа сезона комбинацијата на млади таленти и искусни играчи е одлична, имаме и квалитетни македонски ракометари. Мислам дека имаме сили да направиме добар резултат во СЕХА лигата“, изјави Периќ за ТВ магазинот на регионалното натпреварување.

Битолскиот тим има да одигра уште еден дуел од регуларниот дел на СЕХА, кој нема резултатска важност, а во средината на август ќе се соочи со Мешков Брест во четвртфиналето на ова натпреварување.