Época 2022/23, QUALIFICAÇÃO PARA O CAMPEONATO DA EUROPA DE 2024 - Portugal x Turquia, em Matosinhos, no Centro de Desportos e Congressos de Matosinhos

Переира ги одбра најдобрите – познат составот на Португалија за СП!

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Португалија, Пауло Переира го објави конечниот список на играчи пред настапот на Мундијалот во јануари.

Искусниот стратег од 35 играчи ги одбра најдобрите 19, односно најдобриот состав  со кој ќе и се спротистави на Исланд, Унгарија и Јужна Кореја.

Переира ќе може да смета на клучните играчи како Луис Фраде од Барселона, Андре Гомеш од Мелсунген, Диого Силва од Екс ан Прованс, потоа членот на Нант, Александре Калваканти…

Од списокот отпаднаа несудениот вардарец Жилберто Дуарте, екс ракометарот на Еурофарм Работник, Серхио Барос…

Жорге Силва, Тијаго Роча, Рубен Рибеиро и Белоне Мореира се дел од имињата кои беа изоставени.