Пекол за Вардар и Еурофарм Пелистер – до крајот на февруари ќе играат секој втор ден!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер првиот натпревар во 2022 година го одиграа вчера, додека оние на Вардар денеска ќе излезат за првпат на терен.

Двете најдобри македонски екипи ќе имаа пеколен месец февруари и ќе мора да одиграат голем број натпревари на три фронта – Суперлига, СЕХА лига и Лигата на шампионите, односно Лигата на Европа.

За 23 дена, Вардар ќе одигра 11 натпревари (ако во меѓувреме мечот со Металург добие термин), додека битолчани за нијанса ќе имаат „полесен“ распоред, бидејќи во истиот период ќе одиграат осум меча (еден веќе го одиграа).

За Вардар особено ќе бидат важни натпреварите од ЛШ со Монпелје на гости и домашниот со Загреб, бидејќи продолжува борбата за осминафиналето, додека Еурофарм Пелистер може да биде помирен околу европските мечеви, бидејќи практично го обезбеди местото во елиминациите.

Натпревари на Вардар во февруари:

4/2, Вардар – Нексе (СЕХА Лига)
6/2, Вардар – Пролет (Суперлига)
8/2, Војводина – Вардар (СЕХА лига)
10/2, Прилеп – Вардар (Суперлига)
13/2, Вардар – Еурофарм Пелистер 2 (Суперлига)
16/2, Монпелје – Вардар (Лига на шампиони)
18/2, Нексе – Вардар (СЕХА лига)
20/2, Тиквеш – Вардар (Суперлига)
23/2, Вардар – Загреб (Лига на шампиони)
27/2, Вардар – Струга (Суперлига)

Натпревари на Еурофарм Пелистер во февруари:

3/2, Еурофарм Пелистер – Охрид 34-25 (Суперлига)
4/2, Скопје – Еурофарм Пелистер (Суперлига)
7/2, Партизан – Еурофарм Пелистер (СЕХА лига)
9/2, Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер (Суперлига)
13/2, Еурофарм Пелистер – Металург (Суперлига
15/2, Ним – Еурофарм Пелистер (Лига на Европа)
19/2, Пролет – Еурофарм Пелистер (Суперлига)
22/2, Еурофарам Пелистер – Кадетен Шафхаузен (Лига на Европа)
27/2, Еурофарм Пелистер – Прилеп (Суперлига)