Пачковски не се враќа во Келце, и следната сезона ќе игра за Мешков Брест

Полскиот ракометар во редовите на Мешков Брест, Павел Пачковски, кој има активен договор со Келце до 2024 година, но се наоѓа на позајмица во белорускиот шампион, реши и следната сезона да настапува во екипата предводена од Даниел Гордо.

Десниот бек од Полска моментално ја одработува втората сезона во Мешков Брест. Тој во шампионот на Белорусија пристигна на позајмица од Келце, а претходно, исто така беше на позајмица од Келце во Веспрем, Данкерк и Мотор Запорожје.

Пачковски во екипата на Мешков Брест минутажата на терен ја дели со Станислав Кашпарек. За Мешков Брест има одиграно 53 натпревари и постигнато 117 погодоци.

Во следната сезона во Мешков Брест ќе пристигнат тројца нови ракометари. Станува збор за Марко Јелиниќ од Нексе, Лазар Кукиќ од Бенфика и Аугустин Касадо од шпански Логроњо.