Патуваа 18 часа за натпревар во Лигата на шампионите

Екипата на Брест која утре треба да го одигра натпреварот од 1. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција против Ростов Дон, а до Русија имаше вистинско патешествие.

Ракометарките поминаа дури 18 часа во пат што е навистина исцрпувачки и нема да биде воопшто лесно да се одработи задачата после вака долг пат.

Експедицијата на Брест тргна од Лион, а потоа преку Париз и Москва стигна до Ростов. Натпреварот се игра утре од 16 часот.