Паскал го доби македонскиот двобој во Израел

Екипата на Бнеи Херцлија, во која настапува голманката Бисера Паскал, на стартот на шампионот во Израел беше подобра од амбициозниот Макаби Ришон Ле Зион, екипа во која што брани репрезентативка на Македонија, Драгана Петковска.

Тимот на Паскал убедливо го совлада Макаби Ришон Ле Зион со 13 гола разлика, 38:25. На полувреме резултатот беше 12:6 во корист за Бнеи Херцлија.

Голема заслуга за убедливата победа на Бнеи Херцлија имаше екс голманката на Куманово и Металург, Бисера Паскал, која имаше одлично издание меѓу стативите.

Паскал натпреварот го заврши со 16 интервенции, со што покажа дека ќе биде еден од клучните фактори во својот нов тим. Петковска во дуелот против Бнеи Херцлија забележа шест интервенции.