Партизан даде 45 гола и го освои Велес

Тимот на Партизан Гевгелија славеше убедлива победа на гостувањето кај Борец Велес со 17 голови разлика, 45-28.

Кога на стартот на мечот избраниците на Зоран Кајтазов поведоа со 4-0 и 8-1 веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.

До паузата гевгеличани обезбедија висока предност од десет погодоци, 22-12, а во вториот дел не само што ја сочуваа, туку и ја зголемуваа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Горан Лисичков и Васил Зајков со по седум гола, а Димитар Минов и Армен Садиковиќ стрелаа по шест пати.

Во редовите на некогашниот македонски првак Борец, се истакна искусниот Бојан Белевски со десет гола.