Парондо го водеше Египет до убедлив триумф против Бразил

Репрезентацијата на Египет одигра одличен натпревар на контролата на турнирот кој се одржува во Нирнберг и го совлада Бразил со 32:25.

Во текот на поголемиот дел од средбата ракометарите на Египет имаа контрола на средбата и беа во предност. Првиот дел успеаја да го добијат со само два гола разлика и имаа 17:15. Сепак, овие два гола во продолжението беа успешно зголемени на плус седум за конечни 32:25.

И во двете селекции најефиканите играчи имаа по четири погодоци. Кај победникот Египет, Елдера беше единствениот кој четирипати го погоди голот на Бразилците.

Во таборот на „кариоките“, пак, Мораеш, Дутра Фераира и Лангаро завршија со по четири гола.

Ова беше успешна контрола за момците на Роберто Парондо и тој успеа да ги предводи до победа, а тоа е добра најава за убав настап и на Олимписките игри.