Падна уште едно запросување – Бојан Маџовски доби „ДА“ од Надица (ФОТО)

По неколкуте ракометари на Охрид, кои ги запросија ова лето своите девојки, на ред дојде и еден од ракометарите на Еурофарм Пелистер.

Македонското репрезентативно лево крило Бојан Маџовски, реши да му стави крај на ергенскиот живот.

Тој ја побара за сопруга долгогодишната девојка Надица Ристова, која потврди одговори на неговата понуда за брак.