Павлов одигра за „петка“ против лидерот во Австрија

Довчерашниот ракометар на Прилеп, Хари Павлов, кој во годинешната сезона се врати во Австрија и ги засили редовите на суперлигаш Ферлах, имаше одлична партија против актуелниот лидер во австрискиот шампионат, тимот на Кремс.

Ферлах на гостувањето кај Кремс доживеа пораз со девет гола разлика, 36:27, а десниот бек од Македонија дадената минутажа на терен максимално ја искористи и покажа дека ќе биде еден од предводниците во тимот предводен од некогашниот македонски репрезентативец, Ристо Арнаудовски.

Павлов во мрежата на Кремс постигна пет погодоци и подели неколку асистенции кон своите соиграчи.

Ферлах по пет одиграни кола се наоѓа на 3. позиција на табелата во најквалитетната лига во Австрија и моментално има осум бода на свое конто.

Избраниците на Арнаудовски имаат биланс од четири победи и еден пораз во досегашниот тек од првенството.