Ојлески: Бидасоа е добро воигран тим, но имаме свои шанси

Тимот на Еурофарм Пелистер утре го очекува последната евро обврска за оваа година во Лигата на Европа.

Во Битола ќе гостува шпанската Бидасоа Ирун, а левото крило Гоце Ојлески верува во позитивен резултат и победнички крај на годината во Лигата на Европа.

„Се подготвуваме, го анализираме претходниот натпревар кој го игравме во Шпанија, каде навистина одигравме лошо. Се надевам дека утре со нови сили, цел тим ќе даде максимум и ќе се израдуваме на победа на домашен терен. Очекувам да ја заокружиме оваа полусезона со победа. Бидасоа Ирун има искусни ракометари, како што е Агинагалде, играат шпански систем на ракомет, кој можеби не е толку атрактивен за гледање, но секој си ја знае работата, добро се воиграни и носи резултати. Верувам дека имаме свои шанси и се надевам на победа“, изјави Ојлески.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа Ирун се игра утревечер во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Валтер: Сите веруваме во победа против Бидасоа