Охриѓани одлучија, ќе аплицираат за вајлд карта за Лигата на Европа

Екипата на Охрид која според минатогодишниот пласман не можеше да оди директно во квалификациите од Лигата на Европа туку мораше да аплицира за валјд-карта донесе одлука.

Тимот ќе се пријави за да добие дозвола за учество во натпреварувањето. Раководството реши дека ќе може да се игра во овој куп и ќе се чека одобрување од страна на ЕХФ и дозвола за настап.

Од Македонија во Лигата на Европа свое место имаа тимовите на Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје, но Охрид и Пролет можат да аплицираат за вајлд-карта така што Македонија би можела да добие поеќе места од предвиденото доколку се ослободат места за играње.

Останува на ова да се чека до крајот на следниот месец кога ќе се знаат сите учесници во Лигата на Европа која ќе се игра по нов формат во новата сезона.