Охрид продолжи договори со уште двајца – Брауновиќ и Николов остануваат покрај езерото

Откако пивотот Иван Тасески го продолжи договорот, тимот на Охрид објави за продолжување на соработката со уште двајца играчи.

Станува збор за црногорскиот репрезентативен голман Јагош Брауновиќ и десниот бек Филип Николов.

Брауновиќ ќе ја започне четвртата сезона во тимот покрај езерото, додека Николов ќе биде трета сезона во Охрид.

Тренерот Раде Стојановиќ претходно остана без услугите на пивотот Игор Чагаљ и десниот бек Денис Тот, кои заминаа во Базел и Бутел, но наскоро ќе бидат донесени нивни замени.