Охрид на подготовки во Црна Гора, ќе се тестира со Ловќен и Будва

Тимот што со максимални 12 победи на 12 меча го заврши регуларниот дел од Суперлигата, Охрид, ќе има мини подготовки во Црна Гора.

Исто како лани, така и оваа година, охриѓани ќе отпатуваат во Црна Гора и таму ќе одиграат три пријателски средби.

Ривали ќе им бидат Ловќен, со кој „гладијаторите“ ќе тестираат два пати, како и тимот  на Будва.

Избраниците на Раде Стојановиќ веќе одиграа три натпревари во Македонија – првиот против КЛ7 го добија, а загубија на двата меча во Битола против двата тима на Еурофарм Пелистер.

Обврските на Охрид во плеј-офот ќе почнат на почетокот на март.