Охрид најави тренерски смени и им се заблагодари на петмина играчи

Во новата сезона Охрид веројатно ќе има нов тренер, а најблиску до клупата е Стефче Алушовски. Управата на клубот преку официјалниот ФБ профил потврди дека „во тренерските позиции на клубот во сите категории ќе следуваат одредени измени и ротации“.

Нема детали, но веќе поодамна се шпекулира дека охриѓани преговараат со Алушовски, и тие се блиску до договор. Тој би требало да го замени Горан Андоновски кој сезонава се врати во клубот, но не успеа да го однесе тимот во европските купови, што беше една од целите.

Кратката објава на охриѓани на ФБ е поврзана со потврдата за заминување на петмина ракометари кои сезонава играа: Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов. Со нив нема да бидат продолжени договорите, бидејќи на некои нивни места веќе се анагажирани други играчи, а со други се преговара.

Двајцата нови голмани на Охрид се веќе познати, Даниел Ѓорѓески кој доаѓа од Унгарија, и младиот Берин Бркиќ од БиХ. Претходно ангажирани се и левиот бек Теимураз Орјоникидзе и Хрватот Звонимир Сафранко. Бројот на Македонци во тимот го зголемуваат левото крило Гоце Ојлески и специјалистот за одбрана Милорад Кукоски, кои наскоро треба да бидат промовирани.

Но, од Охрид најавуваат и други изненандувања во составот, а можеби и на клупата.

Даниел Ѓорѓески се враќа дома – ќе игра за Охрид следната сезона

Охрид го промовира новиот голман – Берин Бркиќ потпиша до 2026 година!

Орјоникидзе: Пресреќен сум што се враќам во Македонија и што ќе играм за Охрид

Охрид потпишува со двајца шампиони