Орјоникидзе: Пресреќен сум што се враќам во Македонија и што ќе играм за Охрид

Како што најави 24Ракомет, грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе е најновото засилување за амбициозниот состав на Охрид.

Грузискиот лев бек се враќа во македонскиот ракомет и по настапите за Еурофарм Пелистер и Прилеп, ќе игра и за Охрид.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него! Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи“, вели Орјоникидзе.

Oткако во 2018 година си замина од Македонија, 27-годишниот лев бек беше дел од унгарските тимови Ференцварош и Орошази, а една сезона играше и за романската Решица, од каде замина во 2021 година.

Минатите две години ги мина во финскиот Кокс, со кој беше дел и од европските купови. Со селекцијата на Грузија обезбеди место на Европското првенство 2024 година во Германија.

Охрид носи репрезентативец – Грузиецот Орјоникидзе пред потпис!