Екипата на Еурофарм Пелистер го потврди трансферот на уште еден репрезентативец на Хрватска, а клубот ќе биде посилен за десното крило Јосип Божиќ Павлетиќ.
Како што 24Ракомет најави уште вчера, ракометарот ќе ги засили редовите на битолчани и ќе биде освежување за позицијата десно крило така што она што е сигурно е дека ќе донесе одлично искуство со себе бидејќи доаѓа од Бундес лигата од тимот на Гепинген.
Божиќ-Павлетиќ е играч кој својата кариера ја градеше во двете најдобри екипи во Хрватска во моментов. Настапуваше за Нексе, а потоа и за тимот на ППД Загреб откаде во јануари замина во Бундес лигата.
Тој доаѓа во Еурофарм Пелистер на местото на Радовиќ, кој си заминува и повторно ќе биде на истата позиција со Ненад Костески со кој играше заедно и во Загреб. Се работи за играч кој има 27 години, а зад себе има настапи и во СЕХА лигата, но и во Лигата на шампионите.
Ова е уште едно ново име во редовите на Еурофарм Пелистер така што е веќе добро познато дека тимот ќе биде многу посилен во новата сезона. Инаку, Божиќ Павлетиќ е четвртиот интернационалец од Хрватска кој ќе го носи дресот на тимот од Битола, а веќе во составот се Мандалиниќ, Кушан и Мараш.
Тренерот Бабиќ носи сонародник: Крилото Божиќ-Павлетиќ пред потпис со Еурофарм Пелистер