ОФИЦИЈАЛНО: Следната сезона Суперлигата ќе се игра со 16 екипи!

Од следната сезона во машката Суперлига во Македонија ќе играат 16 екипи. Најавената промена беше усвоена од Управниот Одбор на РФМ, а беше потврдена и на Собранието што се одржа денеска.

Според најавата, екипите ќе бидат поделени во две групи по осум, ќе се игра еднокружно во регуларен дел, а потоа најдобрите четири од двете групи продолжуваат во плеј-офот. Екипите од 5 до 8 место од двете ќе разигруваат за опстанок во плеј-аут групата.

Првото место од регуларниот дел во плеј-оф, односно петтото место во плеј-аут, носи 3 бода, потоа 2, 1 и 0. Повторно следува еднокружно, дома и гости, 14 кола.

Петото место во плеј-аут носи опстанок во Суперлига, екипата што ќе биде шеста ќе во плеј-аут ќе игра бараж со третопласираниот тим од Првата лига, додека седми и осми тим од плеј-аут испаѓаат во Прва лига. Директно место во елитното друштво обезбедуваат прво и второпласираниот тим од прволигашката конкуренција.

Овој предлог беше поднесен од 31 клуб што играат во Суперлигата и во Првата лига, беше разгледан и усвоен од УО, а на Собранието беше потврден истиот.