ОФИЦИЈАЛНО: Пик Сегед и Вардар нема да играат в четврток

Како што најавивме во текот на денешниот ден, а и како што се очекуваше натпреварот меѓу Пик Сегед и Вардар нема да се игра в четврток.

Средбата е одложена, а причините се добро познати. Во моментов не постојат услови за играње, односно поголем дел од ракометарите на Пик Сегед се позитивни на коронавирусот.

Последниот играч кој беше позитивен беше после дуелот против Келце, а постои можност за ширење. Воедно комплетниот тим е во карантин, а и законите во Унгарија не дозволуваат играње во таква ситуација, па затоа средбата беше одложена.

Ова е втор натпревар на Вардар кој е одлага во две недели, па сега е прашање кога ќе биде следниот дуел за „црвено-црните“. Според распоред тоа треба да е случи на 15 октомври, а противник треба да биде тимот на Флензбург.

Официјално е одложен натпреварот против ПИК Сегед од Лига на шампионите..

Публикувахте от RK Vardar 1961 в Вторник, 29 септември 2020 г.