ОФИЦИЈАЛНО: Мелвин Ричардсон четири години во Барселона (ФОТО)

Голем број на моќни клубови го посакуваа Мелвин Ричардсон во своите редови, но репрезентативецот на Франција се одлучи да настапува за европскиот шампион Барселона.

Ричардсон не го продолжи договорот со Монпелје и се одлучи да направи интернационална кариера, бидејќи за прв пат ќе игра надвор од Франција.

Веста за неговото доаѓањето во Барселона и официјално беше потвдена од каталонскиот клуб. Со Барселона, Ричардсон потпиша договор на четири години.

Во сениорската репрезентација на Франција настапува од 2017 година, има одиграно вкупно 22 официјални натпревари и постигнато 61 погодоци. Ричардсон 12 години настапуваше за Шамбери, од 2005 до 2017, a потоа се одлучи да направи трансфер во Монпелје.

Претходно Барса ги донесе левиот бек Али Зеин, левото крило Анхел Хернандес, како и голманот Лео Масиел.