ОФИЦИЈАЛНО: Лазаров уште една година во Нант

Францускиот Нант направи големо изненадување и обезбеди место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Екипата на Кире Лазаров од шест место во групата до Ф4 стигна преку Келце и Веспрем. Претседателот на тимот, Гаел Пелетие, веднаш по мечот во Веспрем им го честиташе успехот на ракометари и ја потврди веста за продолжувањето на договорот со македонскиот капитен и селектор.

„Чест ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година за Нант“, најави Пелетие за француските медуими.

Лазаров ја игра четвртата сезона во Нант, а со следната ќе комплетира пет во француската екипа, со која вторпат обезбедува место меѓу најдобрите во ЛШ.