ОФИЦИЈАЛНО: Иван Чупиќ го напушта Вардар, потпиша за ППД Загреб

Репрезентативецот на Хрватска, Иван Чупиќ, кој беше стрелец на многу клучни голови за Вардар, после пет години во „црвено-црниот“ дрес се враќа во Хрватска и одново ќе го облече дресот на ППД Загреб. Она што се најавуваше сега е официјално, а 34-годишниот ракометар се враќа во Загреб од 1 јули.

Ракометарот кој со Вардар освои две титули во Лигата на шампионите веќе некое време размислуваше да ги напушти „црвено-црните“, а веќе беше познато дека Загреб е следната дестинација. Сега само е потврдено дека во следните три години ќе биде дел од тимот које шампион на Хрватска.

„Полни 15 години играм во странство и Загреб за мене и моето семејство дојде во вистински момент. Со спортскиот директор Валчиќ разговаравоколу тоа декана клубот му требаат нови лица и нова енергија. Се најдов во таа визија и планот на клубот за следните неколку години и едноставно одлучив дека е време да се вратам дома и да се обидам да помогнам колку можам. И да влијаам на младите колку можам бидејќи е присутна и резултатска криза“, коментира Чупиќ за клупскиот сајтна ППД Загреб.

Својата кариера Иван Чупиќ ја почна во редовите на Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Октавио Виго, Горење, Рајн Некар, Келце и Вардар. Со шампионот на Полска освои една титула во Лигата на шампионите,а со Вардар освои две круни.