ОФИЦИЈАЛНО: Будакалас го промовира Даниел Ѓорѓески

Голманот на Металург, Даниел Ѓорѓески, од следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Како што најави 24Ракомет пред пет дена, тој потпиша договор на една сезона со Будакалас што ќе стапи на сила од лето, а унгарскиот тим веќе го потврди овој трансфер.

Тренер во Будакалас е поранешниот селектор на Унгарија, Иштван Чокнаи, а екипата се наоѓа на деветто место на табелата со шанси да избори место во европските купови.

Ѓорѓески имаше одлични партии во Лигата на Европа оваа сезона и го привлече вниманието на повеќе клубови.

Тој потекнува од Гостивар, беше член на Работнички, Вардар Јуниор, Вардар и Пелистер, а последните две сезони е во Автокоманда.