ОФИЦИЈАЛНО: Битола го доби Еурофарм Пелистер!

Конечно, утрината во Битола беше официјализирана долго најавуваната фузија меѓу двата ракометни тима. Еурофарм работник и Пелистер потпишаа договор и станаа еден клуб – Еурофарм Пелистер.

Сепак, тоа не значи дека во Битола ќе има само еден ракометен тим, ќе останат двата, но со нови имиња. Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Првиот ќе се натпреварува во СЕХА лигата и во ЛШ, а вториот ќе игра во домашната Суперлига.

Клубот и Општина Битола, се договориле во следните пет сезони буџетот да изнесува минимум 60 милиони денари годишно, односно еден милион евра, а од нив општината ќе обезбеди една четвртина, односно 15 милиони денари.

Клубот ќе го има грбот на Пелистер и ќе ја има историјата на овој клуб од Битола, а дресовите би требало да бидат сино-бели, дресови со кои Пелистер ги имаше најголемите успеси во минатото.