Откритието на Мундијалот во Македонија се сели во Шпанија

Десниот бек од Нигерија, Фарук Јусуф, кој беше откритие на кадетскиот Мундијал во Македонија во 2019 година, следните две сезони ќе ги помине во шпанскиот Гранољерс.

Иако уште тогаш Јусуф потпиша за Бутел Скопје, тој трансфер не се реалзираше и Нигериецот замина во полскиот Келце.

Таму не се изнаигра, сега на неговата позиција доаѓа и Недим Ремили, па покрај Французинот, Алекс Душабаев и Павел Пачковски, тешко дека ќе добиваше минутажа.

Затоа од Келце се решија да го испратат на позајмица, па Јусуф следните две години ќе ги мине во Асобал лигата.