Откажан турнирот во Кањижа, Вардар нема да игра со Нексе и ПИК Сегед

Планираниот настап на турнирот во Кањижа кон крајот на месецов е откажан поради епидемиолошките состојби кај нашиот северен сосед. Таму беше планирано да настапи и европскиот шампион Вардар.

Покрај „црвено-црните“ на истиот турнир требаше да играат и Нексе Нашице и ПИК Сегед. Сега по откажувањето на турнирот тренерот Стевче Алушовски ќе може да ја воигрува екипата единствено на турнирот во Струга што е планирано да се одржи од 12 до 16 август.

Истовремено Алушовски размислува и за договарање на уште неколку дополнителни контролни натпревари овој месец. На 29 август е планирано во Скопје да се одигра реванш четвртфиналниот натпревар од СЕХА лигата со Нексе.

Тоа е заостанат меч од минатата сезона, а победникот од тој двомеч ќе игра на завршниот турнир на Ф4 планиран за почетокот на септември во Задар, Хрватска.