Осум ракометарки одбиле да се вакцинираат, ривалот на Македонија во проблеми!

Задолжителната вакцинација на ракометарките и стручните штабови на националните тимови пред стартот на ЕП може да донесе многу проблеми во некои од учесниците.

Еден од ривалите на Македонија во групата, Романија, може да остане без дури осум ракометарки од списокот, кои одбиле да се вакцинираат пред стартот на континенталниот собир, пишува „Про Спорт“.

Ако на тие осум, се додадат и уште четири кои поради повреда нема да играат во Скопје, тоа се 12 отсуства од составот на Флорентин Пера.

Засега не се откриваат нивните имиња, но тоа ќе биде познато по составот со кој ќе допатуваат на ЕП.

Романците велат дека ова е глупаво правило на ЕХФ и се прашуваат зошто важи за континенталните шампионати, но не и за Лигата на шампионите.