Останува во Германија – Филип Лазаров во Ратинген до 2022 година

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров го продолжи договорот со германскиот Ратинген.

Левиот бек дојде во овој клуб во 2018 година од турскиот првак Бешикташ и веќе четврта сезона настапува во Ратинген.

Договорот е продолжен за уште една година и Лазаров ќе остане најмалку до 2022 година.

„Среќен сум што ќе продолжам да бидам дел од овој амбициозен клуб и ќе направам се што можам да ги оствариме целите заедно. Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе биде подобра и ќе се вратиме во салата“, вели Лазаров.

Тренер на Ратинген е уште еден поранешен македонски репрезентативец Ацо Јоновски, а претходно член на овој клуб беше и голманот Петар Ангелов.