„Осите“ ја прекинаа доминацијата на „пиварите“

Словенија има нов шампион, а тоа е составот на Горење Велење. „Осите“ ја прекинаа доминацијата на Целје Пивоварна Лашко.

Целје беше првак на Словенија осум сезони со ред, а и сезонава беше на добар пат да стигне до титулата.

Но лош распоред, бројни повреди, тренерска смена…сето тоа придонесе да загубат во клучните натпревари и да го предадат тронот.

Горење на едно коло до крајот има два бода предност пред Тримо Требње и три пред Целје, па математички е недостижен.

Сепак тешко е за верување дека овој тим ќе добие вајлд-карта за ЛШ, како што тоа беше случај со Целје неколку сезони наназад.