Организацијата на ЕП 2020 се исплатеше – Шведска заработи 1 милион евра!

Европското првенство за мажи 2020 година се одржа во три држави, Австрија, Норвешка и Шведска, а организацијата на првенството особено ѝ се исплатеше на Шведска која заработи голема сума пари.

Според handbollskanalen.se натпреварите од ЕП2020 во Гетеборг, Малме и Стокхолм на Швеска и донесоа профит од 10 милиони круни или околу 1 милион евра.

Овие пари ќе се вратат во шведскиот ракомет на различни начини, а некои од нив ќе бидат употребени за организација на наредните првенства на кои скандинавската земја ќе биде домаќин.

Шведска ќе биде домаќин на две првенства во 2023 година. Во јануари заедно со Полска ќе го организира Светското првенство за мажи, а во декември заедно со Данска и Норвешка ќе бидат домаќини на Европското првенство за жени.