Ончев и Тримо покуси за гол, елиминирани во Лигата на Европа

Во второто коло од Лига на Европа, Холстебро обезбеди пласман во вториот круг по победата од 35:28 против Тримо Требње.

На првиот натпревар одигран во Словенија, избраниците на Урош ЗормАн триумфираа со 31:25, но нивната предност од домашниот терен не беше доволна за елиминирање на тимот од Данска.

Македонскиот интернационелец, Тоше Ончев беше меѓу главните стрелци во словенечкиот тим и натпреварот го заврши со три постигнати гола. Први стрелци во Тримо Требње беа Гаспер Хорват и Михајло Радојковиќ со по пет погодоци. Во составот на Холстебро, Магнус беше најефикасен со 13 гола.

Место во вториот круг од Лига на Европа од денешните натпревари освен Холстебро обезбедија и екипите на Малме, Доброгеа Суд и Арендал.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 1. КОЛО

РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ

МАЛМЕ – БАЛАТОНФУРЕДИ 22:20 ( 9:10)

ДОБРОГЕА СУД – ЧУРГО 31:28 (16:13)

АРЕНДАЛ – ЗАБЖЕ 28:29 ( 14:15)

ХОЛСТЕБРО – ТРИМО ТРЕБЊЕ 35:28 (16:9)