Ончев е МВП на мечот, му донесе нов триумф на Тримо Требње

Македонскиот интернационалец Тоше Ончев беше прогласен за играч на натпреварот, во кој неговиот Тримо Требње го совлада Свис Иванчна Горица со убедливи 22-29.

Ончев беше најдобар на теренот и постигна десет погодоци, додека вториот Македонец во Тримо – Милан Лазаревски, постигна еден гол.

Левиот бек Ончев ја продолжува одличната форма и ужива во довербата од тренерот Урош Зорман во текот на целата сезона.

Тримо со новите бодови сега има 26 на второто место на табелата, пет повеќе од третиот Горење, и пет помалку од првиот Целје, но и два меча помалку.