Олсон го соопшти поширокиот список – со Смитс, Стеинс, Бајенс… против Македонија

Новиот селектор на машката репрезентација на Холандија, Штафан Олсон денес го објави поширокиот список на играчи за настап на Светското првенство 2023, кое ќе се одржува во Полска и Шведска.

За потсетување, селекцијата на Холандија е еден од противниците на Македонија на Мундијалот во јануари.

На списокот кај Олсон партиципираат вкупно 35 играчи, додека во следниот период искусниот стратег треба да се одлучи за конечниот список, со кој ќе учествува на Светското првенство.

Олсон ќе може да смета на носителите на играта, односно на првите ѕвезди Каи Смитс од Магдебург, Лук Стеинс од ПСЖ, Дани Бајенс од Хамбург и Том Јенсен од Гумерзбах.

Холанѓаните пред стартот на Светското првенство ќе одиграат неколку контролни натпревари, познато е само дека на 4 јануари ќе тестираат против,,триколорите” во Париз.

Холандија освен со Македонија на Светското првенство ќе игра и против селекциите на Аргентина и Норвешка. Избраниците на Олсон на 15 јануари ќе се соочат со македонската репрезентација.