Олимписките игри се одложуваат, ИОК има неколку алтернативи?!

Поради ширењето на коронавирусот на стариот континент и низ другите делови од светот, Интернационалниот олимписки комитет ќе попушти пред притисокот на олимписките комитети, националните федерации и спортистите.

Одложувањето на ОИ во Токио е само прашање на време, иако има уште четири месеци до претходно закажаниот старт.

Голем дел од квалификациските средби не се одржани се уште, па недостигаат 40% од спортистите или репрезентациите што треба да бидат дел од најголемиот светски собир.

Новите алтернативни термини би требало да бидат познати кон крајот на следниот месец, а најреалната опција е поместување за една година.