Zoran ROGANOVIC (coach) during the handball match North Macedonia vs Montenegro, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Debrecen ,Hungary, 15.01.2021, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

“Од репрезентацијата никогаш не сме заработиле, играме само од љубов кон татковината”

Репрезентацијата на Црна Гора по пауза од девет години повторно ќе биде дел од светската ракометна мапа откако во реванш натпреварот од бараж двомечот за СП против Грција оствари убедлив триумф од 33:25, со што ја анулираше негативата од првиот натпревар, кој заврши со победа на Грција од 25:23.

За успехот на оваа репрезентација зборуваше капитенот на Црна Гора и поранешен ракометар на Вардар Васко Шеваљевиќ. Тој истакна дека ракометарите ја сакаат својата држава и политиката не ги интересира.

„Никогаш не сме давале изјави кои имаат било каква врска со политика, ниту пак сме дозволиле таа да влијае во репрезентацијата. Едноставно сме вистинска група, знаеме зошто сме тука и никогаш сме немале проблем со работите од политичка природа и тоа може да се види. Се надеваме дека луѓето кои би требало тоа да го препознаат гледаат каков пример даваме – дека треба да бидеме како едно“.

Амбициите на Црногорците пораснаа уште после историското 11. место на Европското првенство.

„Луѓето почнаа да го сакаат ракометот поради нас, децата се запишуваат да тренираат. Секојдневно добиваме пораки на поддршка. Претходно тоа знаеше да биде така ден-два после натпреварот и да помине до наредниот собир, а сега трае и енергијата која ни ја даваат навивачите и која ја имаме во главите. Сите добро знаат дека ракометарите не се тука да заработат или од некоја друга корист, никогаш од репрезентацијата не сме заработиле. Тука сме поради љубовта кон нашата држава, грбот и дресот кој носиме. Врската помеѓу навивачите и нас трае и ќе биде само посилна“, изјави Шеваљевиќ.