Од КЛ7 потврдија: Ѓорѓиев си заминува, другите играчи имаат договори

Сите други играчи имаат валидни договори со клубот и само доколку биде платена соодветна отштета би можеле да заминат. Повеќемина играчи од КЛ7 се поврзуваат со можни трансфери во други екипи во Македонија.

Репрезентативецот на Македонија, Игор Ѓорѓиев кој на последните собири на сениорската селекција доби шанса и за настап го напушта тимот на КЛ 7. Тој го одработи договорот, а од тимот велат дека му била понудено да ја продолжи соработката. Средниот бек на скопјани коj сега почна редовно да добива покани и за сениорскиот тим потврдил дека ќе бара нова средина за продолжување на кариерата.

Засега е познато и сигурно дека само тој ја напушта екипата и веќе го соопштил тоа до раководството.

„Му беше понудено да остане во клубот и да потпише нов договор. Сепак, бевме информирани дека нема да остане и дека кариерата ќе ја продолжи во друга екипа. Тој е единствениот ракометар кој си заминува од екипата“, вели претседателот на клубот, Сашко Даев.

Другите ракометари се под договор и засега е јасно дека тие ќе останат дел од екипата, која во следната сезона ќе се натпреварува во Првата лига. Во тимот на КЛ7 има и повеќемина репрезентативци во различни селекции кои се на мета на многу клубови.

„Медиумите објавија дека дел од нашите играчи се на мета на повеќе клубови што е голем показател за нашата работа. Овој момент дека играчите се на мета на друг клуб само ни дава поттик за понатаму и ни годи. Сепак, тие ракометари се дел од нашата екипа и се под договор“, коментира Горан Ѓоргоноски.

На ова се надоврзува и претседател на клубот, Сашко Даев.

„Со оглед на тоа што тие играчи имаат договор со екипата сосема извесно е дека доколку некој би сакал да ги ангажира ќе мора прво да не исконтактира нас. Не може да дојде до трансфер на некој од играчите доколку прво не бидеме исконтактирани ние како раководство битејќи тие ракометари уште се под договор со нас“, коментира претседателот Даев.

Клубот продолжува со својот план, а во новата сезона ракометарите ќе бидат под палката на Никола Матлиески кој ќе има задача да продолжи со работата и со напредокот на младите ракометари.

Кире Лазаров веќе не е дел од проектот ГА КЛ7, клубот ќе има ново име!