Од Кавадарци во Неготино: Петров се сели во прволигашот Вардар, доаѓа и Трајкоски

Доскорешното лево крило на Тиквеш од Кавадарци, Костадин Петров, во новата сезона ќе игра во соседното Неготино.

Петров ќе биде дел од прволигашот Вардар Неготино, кој се обидува да формира респектибилен играчки ростер пред стартот на новата сезона.

Покрај левото крило Петров, во Вардар Неготино доаѓа и средниот бек Стефан Трајкоски од тимот на Металург РА. Плејмејкерот претходно беше дел и од матичниот Прилеп.

Неготинци за новата сезона во составот би требало да го имаат и екс репрезентативниот голман на Македонија, Петар Ангелов.