Од Вардар во Швајцарија: Јосип Векиќ две години во Криенс Луцерн

Хрватскиот десен бек Јосип Векиќ, кој не се изнаигра во Вардар, ќе има нов предизвик во кариерата во следната сезона.

Тој потпиша договор со швајцарскиот тим Криенс Луцерн, кој лани беше елиминиран од Металург во Лигата на Европа, а летово прави промени во ростерот.

Векиќ се обврза на двегодишна верност со швајцарскиот клуб, а настапот таму ќе му биде второ искуство во странство по она со Вардар.

„Едвај го чекам оввој предизвик во нова лига и во нова држава“, кажа кратко Векиќ за клупскиот веб-сајт.

Во Луцерн ќе го менува чешкиот десен бек Томаш Пирох, кој се пресели во францускиот Кретеј.