Nikola MATOVIC (01) and Bjarki Mar ELISSON (08) during the handball match Montenegro vs Iceland, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 26.01.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Од aвион замина на натпревар и стана МВП

Поранешниот голман на Струга, Никола Матовиќ, откако ги заврши обврските со црногорската репрезентација во двата квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2024, замина за Шведска каде од оваа сезона настапува за амбициозниот тим на Амо.

На црногорскиот голман му доцнел летот од Копенхаген, па неизвесно било дали ќе се појави да го одигра натпреварот против екипата на Винсловс.

Сепак, Матовиќ успеал да го победи времето и веднаш по слетувањето на копното на Шведска се упатил на натпреварот и стигнал на време.

Во дуелот против Винсловс, екс голманот на Струга запиша 18 интервенции, со што беше најзаслужен за победата на неговата екипа од 29:23 и беше избран за МВП на дуелот.

Матовиќ во Струга настапуваше во минатата сезона, но поради повредата од ЕП не беше во можност да настапува во пролетниот дел од сезоната. Во регуларниот дел од минатата сезона беше избран за најдобар голман во македонската елита.