ОДЛОЖЕН е натпреварот во СЕХА: Вардар – Нексе нема да се игра!

Реванш натпреварот од четвртфиналето на СЕХА лигата меѓу Вардар и Нексе нема да се одигра в недела во СЦ „Јане Сандански“.

Раководството на СЕХА реши да го одложи овој натпревар и оној меѓу Веспрем и Војводина поради актуелната ситуација со коронавирусот и потешкотиите со кои се соочија гостинските екипи при патувањето.

Натпреварите се одложени на неодредено време и наскоро од канцеларијата на СЕХА би требало да информираат за следните чекори.

Завршниот турнир во СЕХА треба да се игра во хрватскиот град Задар од 3 до 5 април, но со оглед на последните случувања, и овој турнир е под голем знак прашалник.