Одигра одлично против Македонија во мундијалскиот бараж, па си обезбеди трансфер во Висла

Чешкиот десен бек Томаш Пирох е нов ракометар на полскиот вицепрвак Висла Плоцк, откако потпиша договор на две сезони.

Чехот ќе го замени Давид Фернандез и ќе биде добро решение на проблематичната позиција за Висла Плоцк на десeн бек. Фернандез во меѓувреме ќе биде позајмен на Адемар Леон на една сезона.

Пирох беше дел од репрезентацијата под водство на Чави Сабате, a особено беше добар на бараж дуелите со Македонија, кога на двете средби постигна по пет гола.

Висла Плоцк мораше да плати 40.000 евра за чешкиот репрезентативец на екипата на Кретеј, бидејќи тој имаше договор.

Репрезентацивецот на Чешка има 22 години, за екипата на Кретеј настапуваше само изминатата 2021/22 сезона. Претходно Пирох има играно за Талент Плзен, а уште на 16 години премина во Мелсунген, од каде што замина за Луцерн.