Оденсе триумфално против Брест во ЛШ, Икаст и Битигхајм блиску до Ф4 во Лигата на Европа

На евроспките терени денес се играа натпревари во женска конкуренција од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европскиот Куп.

Во женската Лига на шампиони Оденсе на домашен терен запиша минимална победа од Брест Бретањ со 25:24. Од почетокот до крајот гледавме неизвесен натпревар во кој двете екипи го менуваа водството, а највисоката предност која една екипа ја имаше беше три гола разлика. На крајот Оденсе со минимална предност ќе патува на реваншот 3 април. Победникот од овој натпревар ќе оди на дуел со Ѓер.

Женската Лига на Европа денес ни донесе две средби. Безансон во првиот дуел од четвртфиналето против Битигхајм беше поразен на домашен терен. Гостите за реваншот направија одлична предност со денешниот триумф од 23:29. Реваншот се игра на 2 април.

Гостинска победа запиша и Хернинг Икаст на гости кај Валчеа. Гостите тука славеа со 33:39. Реваншот во овој двомеч исто така се игра на 2 април.

Во Евркопскиот куп во машка конкуренција се одиграа два натпревари. Алингсас и Плзен на домашен терен одиграа реми од 29:29, додека во вториот меч Драмен дома го победи швајцарскиот Сур со 31:29.