Обрван: Вардар е највиновен што дозволил да не му се вакцинирани сите играчи!

Ракометарите на Загреб од елиминирани во четвртфиналето, стигнаа да бидат финалисти на завршниот турнир во СЕХА.

Добро е позната причината за тоа, а тренерот на „плинарите“, Ивица Обрван, го посочи Вардар како клуб што е најмногу виновен за тоа што се случи.

„Ние сме најмалку виновни за ова што се случи. Многумина го вперуваат прстот кон нашиот клуб, дека на сила сме се пласирале во Задар, но тоа не е така. Ние веќе се простивме од настапот на Ф4, па ни дојде вест дека сме замена. Законите постојат за да се почитуваат, а во целиот овој случај Вардар како клуб е најмногу виновен што си дозволил да не му се вакцинирани сите играчи. По некаков критериум на резултатите во четртфиналето, ние сме замена. Затоа што Нексе, Татран и Еурофарм Пелистер ги загубија своите мечеви, а ние победивме во реваншот. Плус, ние бевме тие кои играа против Вардар, па логично е да го добиеме нивното место“, изјави Обрван за „Вечерњи лист“.

Загреб по изведување на пенали на дуелот со Мешков Брест се пласираше во финалето, каде што ќе игра со Веспрем кој го елиминира Мотор Запорожје.