Норвешката ѕвезда преживува тешки моменти: Мирхол нема да игра на ЕП!

Еден од најдобрите ракометари на Норвешка и пикер на Скјерн, Бјарте Мирхол преживува тешки моменти. Тој мораше итно да биде опериран заради проблеми со цревата.

Мирхол има договор со Скјерн до 2022 кога би требало да е во петата деценија од животот, a oва е втор пат Норвежанецот да биде хоспитализиран како резултат на инфекција, но овој пат ситуацијата е посериозна затоа што имал дупка на цревата.

„Сочувствуваме со Бјарте и неговото семејство, преживеаја многу во последниве месеци. Не знаеме многу за неговата ситуација само знаеме дека многу ќе недостасува на тимот“, рече претседателот на одборот на директори на Скјерн, Карстен Тигесен.

Заради овие проблеми и операцијата настапот на Европското првенство за Мирхол е доведен во прашање со оглед на тоа што е неизвесен периодот на рехабилитација.