Норвежанките одбраа за Олимпијада, во најсилен состав одат по медал

Актуелните шампионки на Европа, ракометарките од Норвешка ги привршуваат подготовките за Олимписките игри, а веќе е познат составот и имињата на 15 ракометарки колку ќе можат да настапат на турнирот во Токио.

Селекторот Торир Хергеирсон ги соопшти имињата на ракометарките на кои планира за Олимпијадата, а и на трите резерви кои ќе очекуваат повик доколку биде потребно.

Го има најсилниот тим во кој се Нора Мерк, Стине Офтедал, Катрине Лунде… така што може да се надева на најдоброто и на Олимписките игри односно на висок пласман и на трка за некој од медалите.

Меѓу оние кои треба да играат во Токио се најдоа:

ГОЛМАНИ: Силје Солберг (Ѓер), Катрине Лунде (Кристијансанд)

КРИЛА: Марит Розберг Јакобсен, Сана Солберг Исаксен (Есбјерг), Камила Херем (Сола)

БЕКОВИ: Хени Ела Рејстад, Кристине Брејстол (Есбјерг), Вероника Кристијансен, Стине Офтедал (Ѓер), Стине Скогранд (Икаст), Нора Мерк, Марта Томац (Кристијансанд)

ПИВОТИ: Марит Малм Фрафјорд (Есбјерг), Кари Братсет (Ѓер), Вилде Јонансен (Икаст)

РЕЗЕРВИ: Рике Гранлунд (Есбјерг), Емили Арнцен, Малин Ауне (Кристијансанд).