Норвежаните добија подарок од Шпанија, имаат најлесна група на патот кон Токио

Вкупно 12 репрезентации се најдоа во квалификациите за Олимписките игри во Токио. Тие ќе се обидат да дојдат до шестте места кои останаа слободни откако Шпанија и Египет добија директни места за учество на игрите со освојувањето на титулите денеска.

Според ова Норвешка доби најдобра група бидејќи двете селекции кои избегнаа квалификации требаше да играат во Група 1. Оттаму сега Норвешка за противници ги има Бразил, Чиле и Јужна Кореја, а со оглед на тоа што ќе игра на домашен терен ќе нема поголеми проблеми на средината на април да го визира местото за Токио.

Другите две групи се играат во Франција и во Германија, а таму ќе има по три европски репрезентации така што ќе биде доста возбудливо со оглед на тоа што од секоја група одат по две селекции.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ГРУПА 1: Норвешка, Бразил, Чиле, Јужна Кореја (домаќин – Норвешка).

ГРУПА 2: Франција, Хрватска, Тунис, Португалија (домаќин – Франција).

ГРУПА 3: Германија, Шведска, Словенија, Алжир (домаќин – Германија).