Нора Мерк се враќа во татковината, Кристијансанд станува клуб-репрезентација!

Десниот бек на тимот на ЧСМ Букурешт, Нора Мерк, по само една неполна одиграна сезона би можела да си замине од романската престолнина и да се врати во татковината.

Според пишувањата на норвешката ТВ2, Мерк времето што го поминала дома го искористила за преговори со шампионот Вајперс Кристијансанд, кој ќе биде дел од Лигата на шампионите во новата сезона.

ЧСМ Букурешт има финансиски проблеми, а платите на ракометарките доцнат со месеци, па тоа сигурно е една од причините што Мерк сака да замине од клубот.

Во Вајперс Кристијансанд кој полека станува клуб-репрезентација веќе играат десетмина норвешки репрезентативки – Катрине Лунде, Хајди Локе, Хани Реистад, Емили Арнцен, Марта Томац, Силје Ваде, Малин Оне, Андреа Педерсен, Рагнхилд Дал и Вилде Јонасен.